Њујорк сити доби нов тренер

Холандскиот тренер Паскал Јансен е новиот шеф на стручниот штаб на фудбалскиот клуб Њујорк Сити, соопшти денеска американскиот тим.

Јансен, кој неодамна го напушти Ференцварош, потпиша четиригодишен договор со тимот од Њујорк.  Во својата досегашна тренерска кариера 51-годишниот Јансен го водеше и холандскиот АЗ Алкмар, во периодот од декември 2020 година до јануари минатата година.

Од јуни минатата година беше тренер на Ференцварош, а на клупата на унгарскиот шампион го замени поранешниот ирски фудбалер Роби Кин.

Раководството на Њујорк Сити во ноември му врачи отказ на англискиот тренер Ник Кушинг, по поразот во полуфиналето на Источната конференција на МЛС лигата од градскиот ривал Њујорк Ред Бул.

Новата сезона во МЛС започнува на 22 февруари, кога Њујорк Сити ќе му гостува на Интер Мајами

Се вчитува...