Њукасл бара огромна сума за Исак

Раководството на Њукасл му стави цена од 150 милиони фунти на стрелецот на тимот Александар Исак. Швеѓанецот се претстави многу силно од почетокот на сезоната и веќе има 11 гола на 16 натпревари во Премиер лигата.

Сериозен интерес за него покажува Арсенал , а се тврди дека во евентуална трансфер битка би можел да се вклучи и Ливерпул доколку Мохамед Салах си замине на крајот од сезоната. За него се заинтересирани и Пари Сен Жермен и Барселона.

Според Дејли Телеграф, таа цена од 150 милиони фунти ја одреди Њукасл минатото лето, што практично ги блокираше сите обиди да го ангажира напаѓачот тогаш. Сепак, клубот сега има намера да го продолжи договорот на Исак, па воопшто нема да отстапи од цената за која станува збор.

Актуелниот договор на Швеѓанецот истекува за три и пол години.

Се вчитува...