Њукасл договори уште еден трансфер

Њукасл оствари одличен пласман со обезбеденото учество во Лигата на Шампионите за наредната сезона, па „црно-белите“ сега се насочија кон засилување на играчкиот кадар.

Откако беше потрошено богатство на Сандро Тонали од Милан, Њукасл сега се насочи и на англискиот пазар, ангажирајќи засилување од таборот на Лестер. Станува збор за Харви Барнс, крилниот офанзивец кој дејствува по левата страна и на чиј ангажман инсистираше менаџерот Еди Хау уште од почетокот на летниот преоден рок. Лестер испадна од Премиер-лигата и Барнс беше ставен на продажба, но „лисиците“ јасно ставија до знаење дека нема евтино да го продадат овој одличен фудбалер. По долги преговори, клубовите на крајот постигнаа договор за отштета од 38 милиони фунти.

Доаѓањето на Харви Барнс ќе значи дефинитивно заминување на Алан Сан Максиман, брзоногиот француски офанзивец кој се наоѓа пред преселба во Саудиска Арабија, во тимот на Ал Ахли.

Се вчитува...