Напаѓачот на Њукасл, Александар Исак постигна договор со раководството за неговата иднина во клубот по крајот на сезоната. Швеѓанецот доби гаранции од шефовите на Сент Џејмс Парк дека нема да му застанат на патот да си замине доколку страчките не успеат да завршат во топ 4 и да се квалификуваат за Лигата на шампионите.
Исак ја има една од најсилните сезони во кариерата до сега, со 19 гола и 5 асистенции на 29 натпревари во сите натпреварувања. Него го следат многу клубови во Европа, а последните информации се сериозен интерес од Барселона, но ситуацијата ја следат и Ливерпул, Челзи и Арсенал. Затоа, не би било изненадување доколку тој се раздели со Њукасл на лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

