Њукасл го договори првото засилување за новата сезона

По доаѓањето на шеикот од Саудиска Арабија, Њукасл стана еден од главните играчи на фудбалскиот пазар, а веќе ја започнаа акцијата за летниот преоден рок.

Младиот француски фудбалер Хуго Екитике (19) би требало да стане нов играч на Њукасл. Њукасл со Ремс договорил отштета од 30 милиони евра, а со бонуси трансферот би можел да вреди пет милиони повеќе. Останува само англискиот клуб да се договори со играчот и неговиот агент.

Екитике постигна 10 гола за Ремс оваа сезона во француската Лига 1 и додаде уште три асистенции. Француските и светските медиуми го нарекоа „новиот Мбапе“ поради сличностите во стилот на игра со ѕвездата на Пари Сен Жермен. Екитике беше првата вистинска сезона во Лига 1, а лани беше на позајмица во данско Вејле.

Се вчитува...