Њукасл го испрати Ипсвич во Чемпионшип, драматичен триумф на Брајтон

Ипсвич е последниот тим што им се приклучува на Саутемптон и на Лестер во преселбата од Премиер-лигата во Чемпионшип-дивизијата од наредната сезона откако оваа екипа попладнево загуби на гостувањето против Њукасл со 3-0.

„Црно-белите“ се борат за место кое води во ЛШ следната сезона, одиграа максимално мотивирано и заслужено стигна до цел плен. Задачата им беше олеснета по црвениот картон на десниот бек Џонсон во 37. минута, по што Исак, Брн и Осула донесоа значајни три бода за тимот на Еди Хау.

Суперинтересно беше во Брајтон, каде домаќинот по голема борба славеше со 3-2 над Вест Хем. Ајари ги донесе домаќините во водство, но Кудус и Соучек стрелаа прецизно и донесоа водство на „чеканите“. Брајтон сепак продолжи да притиска и направи нов пресврт до крајот, стигнувајќи до цел плен со головите што ги постигнаа Митома и Балеба.

Вулверхемптон славеше со 3-0 над прежалениот Лестер со головите на Куња, Ларсен и Гомеш, додека Фулам со пресврт стигна до цел плен на гостувањето против Саутемптон, благодарение на голот што во финишот го постигна Сесењон во 92. минута.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...