Грчкиот голман и член на Њукасл, Одисеас Влаходимос идната сезона ќе го брани голот на Севиља. Тој доаѓа како позајмен од англискиот тим.
Репрезентативецот на нашиот јужен сосед одигра само еден натпревар за англискиот клуб минатата сезона. Сакаше поголема минутажа, и затоа е отстапен во Шпанија.
Влаходимос во минатото беше голман на Бенфика, а бранеше и во Панатинаикос и во Штутгарт. И покрај тоа што беше дел од младинските селекции, тој е дел од сениорската репрезентација на Грција, за која има одиграно 48 меча.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

