Њукасл идната сезона со две големи имиња во составот?

Англискиот тим Њукасл, веќе го прави планот за следната сезона и играчите кои би требало да пристигнат на „Сент Џејмс Парк“. Според англиските медиуми, веќе се во комбинација неколку имиња, а меѓу оние кои се споменуваат се и две ѕвезди од светскиот крем.

Станува збор за крилото на Реал Мадрид, Еден Азар кој не ги оправда очекувањата во дресот на „кралевите“. Иако има важечки договор, сепак, не игра во таборот на лидерот во шпанскиот шампионат, па така може многу лесно да се случи да го напушти клубот и да се врати во Премиер-лигата.

Второто име кое се споменува за ново засилување е Антонио Ридигер. Стоперот има договор со Челси до крајот на сезоната, а за неговиот потпис се споменуваат и Реал Мадрид и Баерн Минхен. Многуте пари кои ги бара се проблем за Челси, но очигледно не и за Њукасл кој е подготвен да ги исполни барањата и да го ангажира во своите редови.

Се вчитува...