Њукасл извиси за Шешко па намерачи три нови фудбалери

Александар Исак ова лето ќе го напушти Њукасл Јунајтед со желба да се пресели во Ливерпул. Клубот од северот на Англија добро ќе заработи, но ќе остане без врвен голгетер чие отсуство тешко ќе се надомести.

За замена на Швеѓанецот беше предвиден Бенџамин Шешко, голгетерот од редовите на Лајпциг, но и покрај тоа што се водеа успешни воведни преговори Словенецот преферира трансфер во Манчестер Јунајтед.

Њукасл Јунајтед ќе „извиси“ за Шешко, но нема долго да чека за друга опција. Според англиските медиуми на листата на Еду Хау има три фудбалери.

Станува збор за англискиот репрезентативец кој веќе подолго време прикажува одлична игра во Премиерлигата, Оли Воткинс. Напаѓачот на Астон Вила е на врвот на оваа листа, а по него следат Николас Џексон од Челси и Родриго Муниз од Фулам.

Се вчитува...