Фудбалерите на Њукасл ја прекинаа серијата од пет натпревари без победа во домашниот шампионат откако вечерва славеа против Вулверехмептон со 2-1 во натпревар од 27. коло во англиската Премиер-лига.
Домаќините до водство од 1-0 стигнаа со голот на Исак во 26. минута. Гостите израмнија на 1-1 преку Хванг-Хе Чан во 70. минута, додека победа за Њукасл донесе Алмирон со голот во 79. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

