Њукасл конечно има причина за славје откако „црно-белите“ во финалето на лига-купот на „Вембли“ го совладаа Ливерпул со 2-1, стигнувајќи до својот прв домашен трофеј по пауза од цели 70 години.
Њукасл последниот трофеј го има освоено во 1969 во Купот на Саемски Градови, а последен пехар на овој клуб на англиската фудбалска сцена беше оној во 1955 година, кога „црно-белите“ го кренаа трофејот во ФА Купот.
Мотивирани да ја прекинат оваа црна серија, избраниците на Еди Хау денеска го надиграа Ливерпул и заслужено триумфираа со 2-1. „Црвените“ беа тотално надвор од ритам, а фудбалерите на Њукасл знаеја како да го искористат тоа, доминираа во првото полувреме и заслужено поведоа со голот на Брнс по корнерот во последната минута од полувремето.
Александар Исак на почетокот од второто полувреме зголеми на 2-0 за тотална еуфорија меѓу „црно-белите“ навивачи на „Вембли“. Арне Слот тргна на се или ништо, стратегот на Ливерпул направи бројни измени, но неговиот тим успеа само да го ублажи поразот со голот на Киеза во судиското продолжение, премалку за да се одбрани трофејот освоен лани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА