Њукасл Јунајтед ја договори замената за Исак

Њукасл Јунајтед ова лето ќе претрпи голема промена во нападот од каде се очекува да замине Александар Исак, фантастичниот голгетер кој изрази желба да го напушти клубот и да премине во редовите на Ливерпул.

И покрај тоа што има уште три години од договорот клубот од северот на Англија е поготвен да дозволи негов трансфер во вредност од околку 150 милиони евра и веќе ја договори неговата замена.

Станува збор за Бенџамин Шешко, словенечкиот репрезентативец кој со успех настапува за Лајпциг. Според англиските медиуми трансферот е веќе договорен и 22-годишникот наскоро се очекува да помине лекарски прегледи.

Се вчитува...