Њукасл Јунајтед ја одреди цената за фантастичниот Исак

Фудбалерот на Њуксал Јунајтед, Александар Исак е еден од најбараните голгетери на денешницата. За одличниот Швеѓанец интерес покажуваат и најголемите европски гиганти па не се исклучува можноста тој да ја промени средината престојното лето.

Шансите за негов трансфер драстично ќе се зголемат доколку Њуксал Јунајтед не успее да се избори за настап во Лигата на Шампионите, натпреварување кое е примарна цел за Исак. Во тој случај цената за негов трансфер ќе изнесува 100 милиони евра, пренесуваат англиските медиуми.

За потписот на Исак постои голем интерес од Барселона која го гледа како идеална замена за Роберт Левандовски, но и од Арсенал кој е во потрага по врвен напаѓач.

Исак оваа сезона блеска во Премиерлигата со 17 постигнати голови и пет забележани асистенции на 23 одиграни натпревари.

Се вчитува...