Дербито на 11. коло во Премиерлигата помеѓу Њукасл Јунајтед и Арсенал заврши со победа од 1-0 на „црно-белите“ благодарение на голот на Гордон во 64. минута од натпреварот.
Тоа е прв пораз за Арсенал оваа сезона со кој тимот од Лондон останува на третото место на табелата со 24 освоени бодови, три помалку од моменталниот лидер на табелата Манчестер Сити.
За Њукасл Јунајтед пак новите три бода воедно значат и продолжување на низата без пораз која сега брои седум натпревари едно по друго во Премиерлигата.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

