Њукасл Јунајтед се засилува и со англиски репрезентативен голман

Њукасл Јунајтед ќе се обиде да го ангажира англискиот голман Арон Рамсдејл, откриваат англиските медиуми. Тренерот на клубот од северот на Англија, Еду Хау бара голман кој ќе му парира на Ник Поуп, а изборот падна на 27-годишникот со кој соработуваше во минатото.

Рамсдејл дебито во Премиерлигата го имаше токму под водство на Хау во дресот на Бормут во 2017 година па овие двајца добро се познаваат и имаат одличен однос кој се чини дека ќе биде пресуден за реализација на трансферот.

Репрезентативецот на Англија беше голема трансфер желба на Њукасл Јунајтед и минатото лето, но „црно-белите“ извисија во преговорите па од Арсенал тој се пресели во Саутемптон.

Овој пат станува збор за трансфер кој ќе биде едногодишна позајмица со обврска за откупување на неговиот договор.

Се вчитува...