Голема е веројатноста дека Њукасл Јунајтед ова лето ќе се засили на голманската позиција откако тренерот Еди Хау покажа голема желба во северот на Англија да го донесе репрезентативецот Џејмс Трафорд кој имаше фантастична сезона.
Трафорд беше еден од лидерите на Барнли носејќи му помоција на неговиот тим во Премиерлигата со фантастични настапи дозволувајќи само 16 голови на 46 натпревари во Чемпионшипот па го привлече интересот на најголемите тимови на „Островот“. Трафорд беше младински репрезентативец на Англија и важи за најперспективен чувар на мрежата на „островот“, па останува да се види дали овој трансфер ќе се реализира.
Њукасл Јунајтед во своите редови го има Ник Поуп, но Хау сака да донесе репрезентативна конкуренција од 30 милиони евра на „Сејт Џејмс Парк“ особено по повредите кои ги имаше овој голман во текот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

