Њукасл ќе го има „најевтиниот“ менаџер во Премиер – лигата

Ги одби Жозе Мурињо, не се договорија со Роберто Мартинез и со Пауло Соуса, па челниците на Њукасл се решија за евтина варијанта кога е во прашање новиот менаџер. Стив Брус треба да го наследи Рафаел Бенитез на клупата на „чавките“, а ќе заработува „само“ еден милион фунти по сезона што ќе го направи „најевтиниот“ менаџер во Премиер – лигата.

Стив Брус последен пат водеше премиерлигаш во 2015 година, а сега се наоѓа на кормилото на Шефилд венздеј. Клубот бара 5 милиони фунти отштета за да го раскине договорот со менаџерот и да му дозволи да седне на клупата на Њукасл.

Претходниот стратег Рафаел Бенитез заработуваше 6 милиони фунти годишно како менаџер на Њукасл.

Се вчитува...