Њукасл, конечно, најде нов напаѓач

Њукасл е на добар пат конечно да доведе нов голгетер во своите редови откако Еди Хау гласно побара двајца нови класични напаѓачи во тимот до крајот на летово, откако „црно-белите“ се разделија од Калум Вилсон (замина во Вест Хем), а најдобриот стрелец Александер Исак упорно штрајкува барајќи да му биде дозволеено да си замине од „Сент Џејмс Парк“.

Њукасл никако не успева да се договори со Брентфорд за комплетирање на трансферот на Виса, но „црно-белите“ во меѓувреме напредуваат во преговорите за ангажман на Јорген Странд Ларсен, данскиот напаѓач од редовите на Вулверхемптон. Тој пред една година дојде од Селта во Премиер-лигата и постигна 14 погодоци за „волците“, па во Њукасл се надеваат дека токму Данецот би можел да биде решение за голгерерската криза во овој клуб.

Преговорите почнаа со понуда од 40 милиони фунти што беше одбиена, Вулвс бараат 60 милиони фунти, но информациите од Англија говорат дека наскоро би требало да биде најден целосен договор за сума од околу 55 милиони фунти.

Тимот на Еди Хау се мачи да привлече нов голгетер откако летово извиси за Екитике (замина во Ливерпул) и за Шешко (беше пред потпис, но во последен момент замина во Манчестер Јунајтед). Доколку му се исполни желбата да ги доведе и Ларсен и Виса, може да се случи Њукасл пред крајот на преодниот рок да даде зелено светло за преселба во Ливерпул, доколку добие понуда за нов англиски рекорд за најскап трансфер од над 120 милиони фунти.

Се вчитува...