Њукасл купи напаѓач од директниот ривал за опстанок

Њукасл ќе го спасува мега проектот на саудиските газди со Крис Вуд во нападот. Репрезентативецот на Нов Зеланд во тимот со најбогат газда на светот доаѓа од Барнли, директниот ривал за опстанок кој и покрај тоа што не сакаше да остане без услугите на 30-годишникот ќе мора да бара нов голгетер.

Њукасл ја активираше откупната клаузула која изнесуваше 20 милиони фунти па Еду Хау доби нов фудбалер за уште еден доказ дека парите преовладуваат во денешниот фудбал.

Вуд со себе на „Сент Џејмс Парк“ носи големо премиерлигашко искуство со настапи за Вест Бром, Барнсли, Брајтон, Лестер и Лидс меѓу остнатите клубови во долгата кариера на „Островот“.

Се вчитува...