Екипата на Њукасл го победи тимот на Кристал Палас со 2-0, и дојде до осмиот триумф во Премиерлигата. Домашните дури во последните 20 минути успеаја да го скршат отпорот на гостите, и на крај да слават три бода.
На првиот гол се чекаше до 71. минута кога Бруно Гимараеш успеа да донесе предност, кое на 2-0 го зголеми Тиао само седум минути подоцна, што беше и конечен резултат на мечот.
Брентфорд направи мало изненадување, и дојде до триумф на гостувањето кај Евертон со 2-4. Игор Тиаго во 11. минута го отвори резултатот, а на 0-2 зголеми Колинс во 50. минута. Само една минута подоцна Тиаго зголеми на 0-3, па Бето намали. Повторно Тиаго на сцена со хет-трик за 1-4, а Бери ги постави конечните 2-4.
Лошата сезона на Тотенхем продолжува, откако овој тим на домашен терен одигра 1-1 против Сандерленд. Дејвис во 30. минута од средбата донесе предност. за Броби во 80. минута ги постави конечните 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

