Екипата на Њукасл е пред ангажман на напаѓачот на Штутгарт, Ник Волтемаде. Високиот шпиц кој во меѓувреме стана и германски репрезентативец, го сврте вниманието кон себе со одличните настапи минатата сезона.
Инаку Волтемаде беше голема желба на Баерн Минхен, и беше пред потпис со „Баварците“, меѓутоа на крајот веројатно нема да дојде до соработка.
Волтемаде треба да биде опција во нападот на местото на Александар Исак, кој одбива да тренира и бара да биде продаден во Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

