Њукасл веќе почнал да работи на доведување на голманот Георги Мамардашвили од Валенсија. 23-годишниот Грузиец има импресивни одбрани во последните неколку сезони, што придонесоа да се зголемува интересот за него, а благодарение на Мамардашвили, Грузија за првпат ќе игра на Европско првенството.
Валенсија за него плати само 850 илјади евра, а сега ќе го продадат за повеќе од 40 милиони евра. Според информациите, толку изнесува понудата од страна на тимот од Сент Џејмс Парк, со што почнуваат преговорите за негов ангажман. Грузиецот има клаузула која изнесува 100 милиони евра, но со оглед дека тимот не стои финансиски најдобро, тогаш е за очеквуање драстично да ја намали цената.
Понуда за голманот на Валенсија ќе значи и услуга за Столе Димитриевски, кој после репрезентативните настапи, ќе треба да го комплетира договорот со Валенсија на четири години. Македонскиот голман на „Местаља“ ќе с пресели бесплатно, со оглед дека му истече договорот со Рајо Ваљекано, и заминувањето на Мамардашвили ќе значи дека Димитриевски ќе биде новата „единица“ на Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА