Екипата на Њукасл ја продолжува својата одлична форма која ја има во моментов. Го совлада Арсенал на „Емирати“ со 0-2, и се чини дека ги остави „топчиите“ без еден од посакуваните трофеи оваа сезона во Англија, во Лига-Купот (Карабао-Куп).
Њукасл во клучните моменти успеа да ги преживее нападите на домашниот тим, Тросар погоди и статива, а потоа Исак казни со гол во 37. минута после грешката на одбраната на домашниот тим.
Вториот шок за Арсенал дојде на стартот од вториот дел, поточно во 51. минута кога Гордон по една конфузија во одбраната на Арсенал и одбиена топка на Раја, ја смести во мрежата за 0-2 што беше конечен резултат.
Арсенал имаше шанси да намали, меѓутоа не ги искористи, па Њукасл има одлична предност пред реваншот кој се игра на „Сент Џејмс Парк“ на 5. февруари.
Во второто полуфинале играат Ливерпул и Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА