Њукасл не престанува: За 40 милиони го купува играчот на Астон Вила

Екипата на Њукасл не застанува во намерата да направи тим кој ќе се бори за висок пласман идната сезона во Премиерлигата, и покрај тоа што се на добар пат да го загубат својот прв напаѓач Александар Исак.

И покрај можната загуба, Њукасл нема да ангажира нов напаѓач, туку го сака играчот од средниот ред на Астон Вила, Џејкоб Ремзи, само еден ден откако го промовираше Малик Тиао за нов играч. За него тимот од „Сент Џејмс Парк“ е подготвен да издвои 40 милиони фунти.

За него има интерес и од Вест Хем, но самата желба на играчот е да оди во Њукасл. Минатата сезона Ремзи одигра 29 меча во Премиерлигата, и постигна 1 гол и запиша три асистенции.

Се вчитува...