Њукасл нема да штеди за замента на Исак: Реализира трансфер од 100 милиони евра

Њукасл Јунајтед во новата сезона одново ќе биде дел од Лигата на Шампионите па клубот летото ќе го искористи за пополнување на клупата со поука од сезоната 2023/24 во која тимот од северот на Англија се врати во „елитата“, но турболентната сезона не беше крунисана со успех потфрлајќи и во Премиерлигата.

Со таа цел Њукасл Јунајтед бара резерва и за фантастичниот Александар Исак, а истата ја најде во редовите на Ајнтрахт Фракфурт. Станува збор за Хуго Екитике, 23-годишниот Французин кој беше трансфер мета на клубот и во минатото, но преговорите во 2022 година не беа успешни.

Германскиот состав не се соочува со финансиски потешкотии, сака да го задржи својот најдобар фудбалер и за предизвиците кои следат па ја прави реализацијата на трансферот пеколна тешка. Со цел преговорите да се олеснат Њукасл Јунајтед воопшто нема намера да штеди па ќе испрати понуда вредна 100 милиони евра колку што изнесува откупната клаузула, пренесуваат англиските медиуми.

Екитике изминатата сезона постигна 22 голови и реализираше 12 асистенции.

Се вчитува...