Њукасл се пласираше во следното коло на ФА Купот (ВИДЕО)

Екипата на Њукасл се пласираше во 1/8 финалето на ФА Купот, откако вечерва го совлада тимот на Фулам на гости со 0-2.

Лонгстаф во 39. минута донесе предност за Њукасл, која ја зголеми Бурн во 61. минута од средбата. Фулам имаше неколку добри шанси и при 0:0, и кога губеше 1:0 да израмни, но не успеа.

Претходно пласман во следното коло изборија Брајтон, Лутон, Манчестер Сити, Мејдстоун, Лестер и Борнмут.

Се вчитува...