Њукасл со конкретна понуда до Реал, Асенсио пред трансфер во Премиер лигата

Њукасл веќе испратил прва конкретна понуда до Реал Мадрид за откупување на услугите на Марко Асенсио, вака барем пренесуваат англиските медиуми.

Шпанецот влезе во последната година од договорот, а Реал одлучил да не му понуди продолжување на соработката. Тоа значи дека Асенсио или ќе биде продаден ова лето или следното лето ќе замине како слободен агент.

Првата опција е многу поприфатлива за Реал, но и за самиот Асенсио, кој не сака уште една сезона да ја помине на клупата за резерви, особено во година кога има Светско првенство.

Шпанецот првично одбиваше преселба во Њукасл, бидејќи сака да игра во Лигата на шампиони, но бидејќи нема други конкретни понуди, сериозно размислува да ја прифати понудата на богатиот клуб од Премиер лигата.

Се вчитува...