Њукасл со „петарда“ за Кристал Палас (ВИДЕО)

Фудбалерите на Њукасл продолжуваат со одличните партии во Премиерлигата, откако вечерва во заостанатиот натпревар од 29. коло славеа над Кристал Палас со убедливи 5-0.

Домаќините поведоа со 1-0 уште во 14. минута со голот на Марфи. На 2-0 зголеми со автоголот на Гуеи во 38. минута, додека до крајот на првиот дел беше и 4-0 откако во судиското продолжение стрелаа Барнс и Шар.

Конечните 5-0 ги постави Исак во 58. минута.

Newcastle 5-0 Crystal Palace – Alexander Isak 58'
byu/Meladroitdetrela insoccer

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...