Њукасл спасот го бара во сензацијата од француското првенство

Њукасл очајно бара засилувања буквално на секоја позиција. Еден од приоритетите на премиерлигашот во борбата за опстанок е Уго Екитик од францускиот Ремс. 19-годишникот сезонава постигна осум гола и запиша две асистенции во седумнаесет одиграни натпревари во Лига 1.

Со одличните игри тој го привлече вниманието на менаџерот на Њукасл, Еди Хау кој сака да ја засили конкуренцијата во нападот во својот тим, како би го спречил испаѓањето од лигата.

Њукасл во моментов се наоѓа на 19. позиција на табелата со само 11 освоени бода.

Се вчитува...