Њукасл го осигура првиот мегатрансфер во овој преоден рок откако постигна договор за ангажман на Ентони Еланга од Нотингем Форест за сума од 55 милиони фунти.
„Црно-белите“ сакаат да ја засилат навалната линија во сезоната во која ќе се вратат во Лигата на Шампионите, а приоритет беше нов крилен офанзивец. Изборот падна врз Еланга, 23-годишниот шведски интернационалец кој имаше одлична сезона во дресот на Нотингем Форест, постигнувајќи шест гола и 11 асистенции.
Еланга е дете од академијата на Манчестер јунајтед, две години на почетокот од професионалната кариера настапуваше и за првиот тим на „црвените ѓаволи“, но откако не доби преголема минутажа во 2023 беше продаден во Нотингем за нешто помалку од 15 милиони фунти. Две години подоцна, „шумарите“ го продадоа за повеќе од тројно повисока сума на Њукасл…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

