Њукасл во паника: Трипие има скршеница на стопалото

Дефанзивецот на Њукасл, Киран Трипие ќе мора да паузира одреден период од терените, поради повреда. Трипие има скршеница на стопалото кој ја заработи за време на натпреварот со Астон Вила и победата од 1-0.

Трипие е еден од клучните играчи за бегство на Њукасл од дното. На последните четири меча постигна два гола по доаѓањето од Атлетико, и донесе важни бодови за екипата.

Њукасл и тоа како има има причини за загриженост со загубата на Трипие и сега ќе мора да бара решение на десната бековска позиција. Трипие во исто време е главен изведувач на слободните удари во тимот.

Се вчитува...