Њукасл за едно полувреме го „спакува“ Лестер, Митровиќ стрелец и асистент во лондонското дерби

Њукасл Јунајтед продолжи онаму каде што застана пред паузата поради Светското првенство во Катар и во 17. коло од Премиерлигата стигна до 10. победа во сезоната со што се искачи на второто место на табелата.

„Црно-белите“ овој пат до трите бода стигнаа на гостувањето кај Лестер каде славеа со 0-3 благодарение на головите на Вуд во 3. минтуа, Алмирон во 7. минута и Жоелингтон во 32. минута.

На победа се радуваше и Фулам кој го доби лондонското дерби против Кристал Палас со 0-3. Рид го отвори мечот со гол во 31. минута, а во полза на домаќините не беше црвениот картон на Мичел во 34. минута.

Предноста од играч повеќе ја искористи Рим кој стрелаше во 71. минута, а српскиот интернационалец Александар Митровиќ кој претходно асистираше за двата гола на Фулам ја круниса со гол во 80. минута.

Во останатите натпревари до гостинска победа стигнаa и Брајтон кој славеше со 1-3 кај Саутемптон, како и Вулверхемптон кој гостувањето кај Евртон го доби со 1-2 благодарение на голот на Аит Нури во 95. минута.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...