И по три одиграни полувремиња Струга Трим и Лум и литвански Жалгирис играат без голови 0-0 во 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Како и на првиот натпревар одигран пред седум дена во Литванија, повторно се играше тврдо на двете страни во првите 45 минути.
Иако поседот на топката беше на страна на гостинот, Струга Трим и Лум ја имаше иницијативата во првите половина час и имаше неколку полушанси кои сепак не резултираа со погодок. Првата поубава шанса гостите ја имаа во 38. минута кога од десетина метри биеше Ојевуси, но одлично интервенираше Ќосевски, а истиот голман и во судиското надополнување повторно го спасуваше македонскиот шампион по шутот на Антал.
До крајот мируваа мрежите и трето полувреме во низа резултатот остана 0-0. За потсетување првиот натпревар пред седум дена заврши без голови 0-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА