„Нула“ на баскиското дерби во Сан Себастијан

Реал Сосеидад и Атлетик Билбао одиграа без победник и без голови на дербито за Баскија одиграно на „Реале Арена“ во Сан Себастијан.

Двата тима не се прикажаа во најдоброто светло. Натпреварот изобилуваше со малку шанси, нешто поконкретни беа домашните, кои најдобрата шанса ја имаа во 61. минута преку Мендез, чиј удар го одбрани голманот Унаи Симон.

До крајот на мечот неколку опасни напади на двете страни, но не завршија во целта, па така двата тима си поделија по бод кој повеќе му одговара на Атлетик Билбао, кој е пред пласман во Лигата на шампионите идната сезона.

Се вчитува...