„Нула“ на Кристал Палас и Нотингем Форест

Кристал Палас и Нотингем Форест одиграа натпревар во кој немаше голови. И двата тимаа имаа неколку шанси, оние на Нотингем беа подобри, но на крајот мрежите мируваа.

Најдобрите шанси беа во првиот дел. Најпрво Гибс-Вајт од Нотингем шутираше во левата статива. Ајев во 33. минута се закани за домашните, меѓутоа топката отиде над голот.

Во судиското надополнување Мурило имаше добра прилика за Нотингем, но неговиот удар го одбрани одлично голманот Џонстон. Во вториот дел немаше посериозни шанси.

Се вчитува...