„Нула“ на Пелистер со Монтана на првиот тест во Турција

Македонскиот прволигаш Пелистер го одигра првиот пријателски натпревар по пристигнувањето на зимските подготовки во Аланија (Турција) и ремизираше без голови против бугарскиот прволигаш Монтана. Цврстата одбрана беше одлика на тимот на Шенсои и во есенскиот дел од шампионатот, а продолжува во ист стил и во текот на зимските тестови.

Во наредните мечеви останува да се разбудат и напаѓачите. Пелистер претходно ремизираше без голови и против Новаци, а на почетокот од подготовките ја совлада Шкендија со 2-0.

Се вчитува...