Вардар и Работнички играат без голови по првото полувреме во скопската дерби пресметка во 22. коло од Првата македонска фудбалска лига. Шкендија, пак, има „нула“ на гостувањето против АП Брера на дуелот кој се игра во Турново, а „нула“ по првите 45 минути е и во Штип каде Шкупи гостува на Брегалница.
Но, Шкупи нема предност во Штип на полувремето само поради тоа што Ристе Јанков во 28.минута успеа да му одбрани удар од белата точка на Арби Вош.
Воска Спорт има предност од 1-0 против Гостивар. Охриѓани до предност дојдоа по извонредната акција која објективно ретко се гледа на македонските терени.
Феноменално двојно проигрување на Јусуфи и Марушиќ, извонредно го завршува Јусуфи за водство на Воска спорт од 1-0…
Македонија ЃП и под водство на новиот тренер Бобан Грнчаров не успева долго да парира на противниците пролетва во македонскиот шампионат.
Шампионот Струга ТЛ има предност од 2-0 против „лавовите“. Најпрво во 13. минута по убавата акција по десната страна, капитенот Буњамин Шабани носи предност од 1-0 за Струга ТЛ.
Тиквеш, пак, води со 1-0 против Силекс со голот на Бразилецот Робертињо Нето во 20. минута од средбата.
РЕЗУЛТАТИ – 22. КОЛО (прво полувреме)
Турново: АП БРЕРА – ШКЕНДИЈА 0-0
Скопје: ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 0-0
Охрид: ВОСКА СПОРТ – ГОСТИВАР 1-0
Јусуфи 24′
Кавадарци: ТИКВЕШ – СИЛЕКС 1-0
Нето 20′
Струга: СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-0
Шабани 13′, Радески 21′
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

