„Нула – нула“, на полувремето од заостанатиот натпревар меѓу Работнички и Шкендија во Скопје

Апсолутно без никакви посериозни возбудувања во првите 45 минути во заостанатиот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Работнички и Шкендија.

Имаше по два обиди на двете страни на дуелот кој се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Комплексот Куќа на фудбалот во Скопје, но безопасни по голманите и на „романтичарите“ и на тетовци.

Се вчитува...