„Нула“ во Албанија: Петровиќ херој на Србија, победи на Холандија и Австрија

Албанија и Србија ремизираа без постигнат гол сред Тирана во третото коло од квалификациите за Светското првенство. Херојот на Србите беше голманот Џорџе Петровиќ кој во судиското продолжение на првото полувреме успеа да одбрани пенал на Манај.

Холандија немаше проблеми да стигне до првата победа во квалификациите откако славеше на гостувањето кај Финска со 0-2. Стрелци на головите беа Депај и Дамфрис кои ја тресеа мрежата во 6. и 23. минута.

На победа од 2-1 се радуваше Австрија над Романија во натпревар во кој Австриците преку Грегорич и Сабитзер во 42. и 60. минута стигаа до предност од 2-0, а поразот го ублажи Алибец во 95. минута.

Се вчитува...