„Нула“ за Вилјареал на гостувањето кај Хетафе

Хетафе и Вилјареал одиграа без голови 0-0 во Мадрид во натпревар од 3. коло од новата сезона во шпанската Ла лига. Вилјареал по првите две кола имаше максимален учинок од две победи, па ова беше прв меч во кој избраниците на Унаи Емери не стигнаа до полн плен.

Во 98. минута главниот судија на мечот прво досуди пенал за гостинскиот тим, но по преглед на „ВАР“ одлучи да го поништи. Со овој бод „жолтата подморница“ изби на втората позиција на табелата со седум освоени бода, додека за Хетафе ова беше прв бод во новата кампања.

 

 

Се вчитува...