Уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез е најзаслужен што неговиот Ливерпул вчера на гостувањето кај Фулам, успеа да извлече бод. Тој најпрво го постигна првиот гол со кој Ливерпул израмни на 1-1, а потоа асистираше за вториот на Салах. Нуњез влезе од клупата за резерви во вториот дел.
На првиот гол, Нуњез одлично реагираше и со петица успеа да го најде патот кон голот на Фулам, а потоа практично му врати за асистенцијата на Салах и му додаде за Египќанецот да постигне гол.
Со тоа Нуњез влезе во историјата на Премиер лигата како прв играч на Ливерпул кој од клупата на своето деби запишал гол и асистенција. Пред тоа им успеа само на Кун Агуеро во 2011 и на Алваро Мората во 2018 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

