Нуњез по официјалното претставување на „Енфилд“: Порано го гледав Ливерпул на ТВ, а сега ќе ги бранам неговите бои

Дарвин Нуњез и официјално е нов фудбалер на Ливерпул и поради него англискиот тим ќе собори клупски рекорд, откако трансферот го потврдија „црвените“.

Уругвајскиот напаѓач не криеше дека е воодушевен за новата авантура во своајта кариера.

„Многу сум среќен што сум тука во Ливерпул. Ова е огромен клуб. Сум играл против Ливерпул и многу мечеви сум им гледал во Лигата на шампионите, тоа е мојот стил на игра. Има тука одлични играчи кои мислам дека ќе одговараат на мојот стил на игра. Ќе дадам се од себе со цел да му помогнам на тимот“, изјави Дарвин.

 

Се вчитува...