Новиот напаѓач на Ливерпул, Дарвин Нуњез се извини за сцрвениот картон и исклучувањето во дуелот против Кристал Палас, што можеби и директно влијаеше на резултатот 1-1 на крајот.
Уругваецот наседна на провокацијата на одбранбениот играч на Палас, Андерсен, и го удри со главата без топка, со што судијата веднаш му го покажа патот кон соблекувалната. И тренерот Јирген Клоп призна дека тоа беше црвен картон, и вети дека ќе разговара со напаѓачот.
Нуњез се огласи на социјалните мрежи.
„Свесен сум за лошиот потег што го направив. Но тука сум да учам од грешките, и ова нема да се повтори“, напиша Нуњез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

