Нуњез заминува, а Ливерпул неговата замена ќе ја плати 100 милиони евра

Големи промени во нападот се очекуваат идното лето во тимот на Ливерпул. Јасно е дека Арне Слот има проблеми со класичен напаѓач, откако Дарвин Нуњез повеќе промашува отколку што реализира, па затоа се очекува на крајот на сезоната „црвените“ да прифатат една од понудите за Уругваецот.

Се шпекулира дека Нуњез би можел да замине во Саудиска Арабија, а со тие пари Ливерпул да ја побара неговата замена.

Англиските медиуми шпекулираат дека Арне Слот веќе го „пикирал“ Александар Исак за негов заменик на „Енфилд“. Голгетерот на Њукасл игра во голема форма, а премиерлигашот одреди цена од 100 милиони евра за неговите услуги, цифра која Ливерпул најверојатно ќе ја плати.

За Исак е заинтересиран и тимот на Арсенал, но како повеќе се шпекулира, Влаховиќ е блиску до потпис со тимот од Лондон. Ако не успее со Исак, тогаш и Виктор Ѓокереш е една од опциите за нападот на моменталниот лидер на табелата во Премиерлигата.

Се вчитува...