Порто вечерва ќе се обиде да направи чудо во Торино и да надомести негатива од два гола (0-2) против Јувентус од првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите. Тоа ќе биде многу тешка, но, според тренерот Нуно Еспирито Санто, не е и невозможна мисија за португалскиот тим.
„Дојдовме со амбиции да го изненадиме Јувентус. Ќе биде многу тешко, Јувентус има солидна предност од првиот натпревар, но не е и невозможно. Нема ништо невозможно во фудбалот и токму затоа е најважната споредна работа на светот. Имаме план и ќе се обидеме да го исполниме на вечерашниот дуел. Јувентус има фудбалери од светска класа во својот состав, но ние ќе се бориме до последната минута од двомечот“, изјави тренерот на Порто, Нуно Еспирито Санто.
Тој дефинитивно ќе го нема на располагање левиот бек Алекс Телјес, кој заработи црвен картон на првиот меч, а неизвесен е и настапот на Хезус Корона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА