Нуркиќ и Лилард во „пакет“ заминуваат од Портланд

Дамиан Лилард после 12 години се одлучи да бара размена од Портланд Треил Блејзерс. Одличниот кошаркар веќе влегува во зрели кошаркарски години, и бара можност да освои прстен во следните години.

Мајами се споменува како најсериозен кандидат за 32-годишниот кошаркар, а заедно со него веројатно би можел да замине и Јусуф Нуркиќ.

Кошаркарот од БИХ би можел во пакет со Лилард да замине на Флорида, а во спротивен правец би заминале Кајл Лаури, Тајлер Хиро, Хаиме Хакез Јуниор и пикови од првата рунда на драфтот од 2028 и 2030 година.

Се вчитува...