Портланд се избори за место во плеј-оф разигрувањето во НБА лигата со синоќешната победа против Мемфис од 126-122. Херој во триумот на Портланд беше Јусуф Нуркиќ.
Центарот од БиХ неколку часа во пресрет на мечот дозна дека неговата баба починала од коронавирус. Размислуваше и да не го игра натпреварот, но одлучи да игра и победата да и ја посвети на неа. Дуелот го заврши со 22 поени, 21 скок и шест асистенции.
„Бабо, ова е за тебе. Успеавме. Не сакав да играм, но знаев дека таа би сакала да бидам на теренот. Среќен сум што сме во плеј-офот“ – изјави по синоќешната победа Нуркиќ.
Nurkic had 22 Pts and 21 Reb after learning that his grandmother died from COVID-19.
“I didn’t want to play. … I thought she’d want me to play. I’m glad we won and we’re in the playoffs.”
(via @BenGolliver) pic.twitter.com/3jDoCvV7un
— SportsCenter (@SportsCenter) August 15, 2020
Во првото коло од плеј-оф разигрувањето во Западната конференција, Портланд ќе се сретне со најдобриот тим од Западот, ЛА Лејкерс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА