Шампионот во лесна категорија во УФЦ Кабиб Нурмагомедов вели дека не се плаши од дуел со Конор Мекгрегор надвор од октагонот. Тој минатата година убедливо триумфираше над Мегрегор, а вистинскиот хаос настана по борбата кога и тимовите се пресметаа меѓусебно.
„Нашиот конфликт нема никогаш да заврши. Да се сретнеме негде ќе се истепаме тоа е сигурно. Не е важно дали некој ќе заврши во затвор. Не се плашам од тоа. Конор ќе заврши во болница, а ние во затвор“, изјави Нурмагомедов.
Кабиб откри и што треба се да направи Мегрегор како би можел повторно да го предизвика во октагонот.
„Мора да добие девет или десет борби по ред, па да може да се бори со мене. Луѓето мислат дека ќе прифатам борба само ради парите, но тоа не е вистина. Прво треба да докаже дека е подготвен да ме предизвика“, заврши Нурмагомедов.
Дагестанецот во кариерата е се уште без пораз и има импресивен скор од 27-0, а следната борба ќе ја има на 7. септември против Поире.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА