Стивнаа страстите по пресметката во Лас Вегас меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор, но сега се погласни се најавите дека Хабиб по големиот триумф во УФЦ октагонот е подготвен за нов предизвик – битка со Флојд Мејведер. Неприкосновениот боксерски шампион имаше перфектен скор од 50-0 пред да замине во пензија, но Мејведер најави дека е подготвен да се врати во рингот доколку се договори борба со Русинот од која добро би заработил.
Тој минатата година го победи Конор Мекгрегор во боксерски меч, па челниците на УФЦ инсистираат Хабиб да не го следи примерот на Ирецот.
„Хабиб против Флојд, тоа би била извонредна битка. Сепак, може да се случи само под еден услов – ако Мејведер сака да се бори, нека повели кај нас во УФЦ. Ние еднаш направивме потег, влеговме во боксерски ринг со него. Сега е ред на Мејведер, ако сака битка со Хабиб, нека биде вистинска битка, по УФЦ правила“ – дециден е првиот човек на УФЦ, Дена Вајт.
Американецот веднаш по првите шпекулации го покани Хабиб „да дојде во неговиот свет“, јасно покажувајќи дека ако има борба, тоа ќе биде во боксерски ринг, па останува да се види дали ваквата изјава на Вајт дополнително ќе ги искомпликува преговорите за организација на овој спектакл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА