Нурмагомедов: Ја бранев честа и религијата, нема да одам на суд!

Хабиб Нурмагомедов нема намера да оди во Лас Вегас на сослушувањето поради инцидентот што се случи на мечот против Конор Мекгрегор.

Спортската комисија на државата Невада на почетокот на декември ќе донесе одлукла за суспензијата на Нурмагомедов и на Мекгрегор, а шампионот во лесна категорија порача дека нема да се појави во Лас Вегас.

„Тие веќе се состануваа и ништо не одлучија. Сакаат да дојдам на следното сослушување, но јас сметам дека не сум ништо виновен. Јас само го завршив тоа што е иницирано пред мечот. Не сум виновен, а тие нека му судат на тој што е. Јас ја бранев својата чест, семејството и религијата и нема да одам на судење во Лас Вегас. Може да ми ги земат сите пари што сум ги заработил и да ме исклучат на 10 години. Мечот го одработев според правилата, а пороа ја завршив и работата. Никогаш нема да отидам тамѕ, нека прават што сакаат“ – вели Нурмагомедов.

Комисијата во Невада на Нурмагомедов веќе му одзеде еден милион долари од хонорарот, а во декември ќе му биде изречена конечната казна за нападот на тренерот на Мекгрегор кој го провоцирал од публиката.

Се вчитува...